Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Стружани може да тужат за труењето од дивата струшка депонија

Стружани може да тужат за труењето од дивата струшка депонија

Сподели

Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга, во врска со загадувањето во Струга предизвикано од струшката дива депонија, нагласува дека постои можност стружани да тужат за штетата предизвикана од ваквата штетна емисија која предизвика огромно загадување на воздухот во Струга и околината.

Правото на здрава животна средина во Р. Македонија, истакнува адвокатот и граѓански активист Глигорие Ќатоски, е уставна вредност определена во чл.43, ст.1 од Уставот на Р. Македонија.

„Дивата струшка депонија е производ на неодговорно работење на надлежните органи. Имено, општината директно и државата индиректно се одговорни за настанување на ваквата штета која во согласност со закон биле должни да ја спречат. Поради претходно наведеното, општината и државата се пасивно легитимирани во конкретниот случај“, вели адвокатот Ќатоски.

Во согласност со чл.143, ст.3 од ЗОО и чл.9, 10, 28, 157 од Законот за животна средина, образложува Ќатоски, стружани имаат право на справедлив надомест на штета причинета од штетните емисии од дивата струшка депонија.
„Македонската судска практика познава само еден ваков случај. Тоа е случајот кога велешани поднесоа тужба против државата за штетните влијанија на топилницата во Велес“, вели Глигорие Ќатоски, адвокат од Струга и активист во Граѓанската иницијатива „Доста е“ – Струга.

Од Граѓанската иницијатива „Доста е“ – Струга, бараат решение за струшката депонија на подолг рок. Доколку не се дислоцира депонијата, велат од Иницијативата, односно не се определи локација за безбедно одлагање на градскиот отпад, за брзо време ќе се соочиме со истиот проблем. Од тие причини, додаваат од Иницијативата „Доста е – Струга“, потребно е долготрајно решение на проблемот со струшката дива депонија.

Извор:akademik.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK