Пет06232017

Последна промена04:46:40 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Освоен е „Магаро“ со роденденска и матурска прослава

ФОТО: Освоен е „Магаро“ со роденденска и матурска прослава

Сподели

Искусните планинари Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески, викендов, успешно го реализираа планинарскиот маратон „Движи се да не заборавиш да одиш“ и стигнаа до врвот „Магаро“.

Планинарите Мишко и Жанко, заедно со граѓани планинари од Македонија, Хрватска и Полска ја поминаа 50 километри долга патека Охрид - Велестово - Черешнана - Студино - врв Бугарска чука - врв Лакоси гној, превој Галичица и искачување на врвот „Магаро“. На 2.245 метри високиот врв, Мишко го прослави својот 46-ти роденден, а Жанко ги одбележа 30-те години од матурата.
Двајцата планинари велат дека целта на акцијата „Движи се да не заборавиш да одиш“ е раздвижување на луѓето од сите возрасти од најмлади до најстари и да бидат дел од природата.


Фото: ФБ профили на Жанко Голабоски и Мишко Танески

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK