Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Матилоска: Убиецот да биде зад решетка за духот на Димитар да се смири!

Матилоска: Убиецот да биде зад решетка за духот на Димитар да се смири!

Сподели

 Вчера по седми пат беше одложено судското рочите за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид.

Откако на претходните неколку  рочишта од повторното судење,  обвинетиот  Бојан Угреновиќ од Кралјево не се појави во судница, судот му одреди повторно мерка притвор. Угреновиќ  исчезна  откако  беше пуштен  да се брани од слобода.

Семејството, пријателите, јавноста разочарани бараат правда. Мајката на Димитар, Драгица Матилоска, учителка во пензија го повика судот да го стави убиецот зад решетка за да се смири духот на Димитар. 

- Го повикува судот да најде механизми и да го стави убиецот зад решетка за да се смири духот на Димитар. Цел живот работев како учителка 36 години и го учев учениците дека правдата мора да победи. Секогаш  во главата ми се врти истата мисла-„ Зошто го уби?“  ама на тоа прашање никогаш нема да добијам одговор, вели Матилоска. 

Огорчената мајка ги запраша и судиите во Битолска апелација:

- Дали вие судии во апелација имате деца? Дали на вашите деца ако му се случи вакво нешто како ке реагиравте? Каква е вашата порака? Да убиеш овек да лежиш само една година во затвор и да бидеш ослободен а моето чедо да гние во земја, додава Матилоска. 

Обвинетиот беше пуштен на слобода откако на 27 јули, 2017 Основниот суд Охрид даде мислење дека истекува последното продолжување на притворот за обвинетиот Угриновиќ. Основновното јавно обвинителство Охрид сметало дека притворот може да биде продолжен, па поради тоа била поднесена жалба на одлуката до Апелацискиот суд Битола, кој е надлежен да постапува. Но, и повисокиот суд го потврдил решението на Основниот суд Охрид и одлучил мерката притвор да биде прекината.

По ова обвинителството побарало мерки за обезбедување на присуство кои судот ги прифатил. На обвинетиот Угреновиќ му била одземена патната исправа, му била изречена забрана за напуштање на престојувалиште и на Република Македонија, како и повремено јавување кај надлежен орган.

Но очигледно ниедна од мерките не помогна ниту се спроведе па  убиецот место зад решетки е на слобода. 

Законот определува дека за кривични дела за кои е предвидена казна до 15 години затвор, притворот од правосилност на обвинение може најмногу да трае една година. За кривични дела за кои според стореното кривично дело е предвиден доживотен затвор, притворот по правосилност на обвинението може да трае две години.

Делото за кое се гони обвинетиот Угриновиќ е по член 123 став 1, за убиство предвидува затвор од најмногу 20 години. Па, според обвинителството притворот за обвинетиот треба да влезе во втора одредба, но судот сметал дека е во првата одредба и го пуштил да се брани од слобода. Зошто така постапил судот останува нејасно! 

Самиот притвор е укинат поради пропусти во законската регулатива и слободата на толкување на одредени членови.

Трагедија е тоа што судот не успеа во законскиот рок од една година да донесе правосилна пресуда за случајот. Судијата Весна Кичеец го осуди на 16 години казна затвор но Битолска апелација го врати случајот.

-Молчевме и чекавме, кажано ни беше дека имаме држава ќе добиеме правда, а ние добивме убиец во бегство! Ова е апсурд, велат разочарани роднините на убиеното момче. 

Убиството се случи на 1 јануари 2016 година кога по кратка расправија во угостителски објект во центарот на Охрид, Угреновиќ на смрт го претепа Димитар Матилоски пред кафе-барот. Семејството на убиениот тогаш бараше сторителот да одговара за кривично дело „свирепо убиство“ за што имаа и посебно приватно вештачење, но судот не го прифати. Угреновиќ првично го призна делото, а на последното судење се изјасна за невин, со што целиот процес се врати на почеток.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK