Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Европски пари за заштита на Галичица и Охридското езео

Европски пари за заштита на Галичица и Охридското езео

Сподели

Со 4 милиони евра,  европски пари ќе се подобрува управувањето на заштитените подрачја во земјава.

Се очекува невладините организации во партнерство со општините преку  практични прокти да искористат дел од овие средства.

Во охридскиот регион може да се аплицира за еколошки  проекти во  НП Галичица, проекти поврзани со нивото,  рибниот фонд или загадувањето  на  Охридското езеро, како и проекти за решавање на локални пробеми со  отпад на крајбрежието.

- „Во рамките на проектот ќе бидат доделени грантови на невладините организации и на Локалните самоуправи како и на управувачките тела на заштитените подрачја првенствено на Националните паркови и другите заштитени подрачја кои имаат управуавчки тела. Се надеваме дека овие средства ќе придонесат навистина да се направи прогрес во оваа област која долго време беше запоставувана“,истакна Анита Коџоман раководителот на програма за животна средина во УНДП.

Изминатве години многу малку се посветувало на заштитата на природата. Од еколошките организациии  сега се очекуваат проекти за враќање на Балканскиот  рис на Галичица, истражување на бројните пештери, одбележување на рекреативните патеки, заштита на бројните ендемични видови растенија и слично.

- „Ќе поддржуваме проекти кои што ред се ќе иницираат заштита, конзервација на одредени видови, мониторинг подигање на свеста за овие заштитени подрачја правилно управување но и ке подржиме и мали проекти каде што има загадување со отпад “, изјави Влатко Трпески раководител на секторот за природа при ова министерство за животна средина и просторно планирање.

Проектите се поделени во две групи, големи подрачја кои што ќе се финансираат од 200 до 400 илјади евра и помали проекти на кои што ќе аплицираат од невладиниот сектор од 50 до 100 000 евра. Во следните две години.предвидено е да се доделат 20 грантови.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK