Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Нови ВД директори добија охридските јавни претпријатија

Нови ВД директори добија охридските јавни претпријатија

Сподели

Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид,Јован Стојаноски, од денес четири јавни претпријатија во градов, две основни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“ добија нови вршители на должност.

За ВД директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, a на оваа позиција во „Ниско Градба“ е поставен Гоце Ѓоршески. ВД директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Лупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска- Деспотоска.За ВД директор во ОУ „Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а Елена Ел- Нади е новиот ВД директор на ОУ„Ванчо Николески“ и доаѓа на местото на Жаклина Трипунова.Од денес нов ВД директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е Мери Рилкова и доаѓа на местото од Роза Костеска.Наредниве денови ќе бидат објавени имињата на новите вршители на должност на МЈП „Проаква“ и на ЈП „Градски гробишта“ како и на останатите воспитно- образовни установи во градов.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK