Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО:Има оштетени клупи на Охридскиот кеј

ФОТО:Има оштетени клупи на Охридскиот кеј

Сподели

Неколку клупи на Окридскиот кеј се прилично оштетени, тие се неупотребливи.

Охридскиот кеј е вистински рај за прошетки на охриѓани и туристите. Кејот е место каде е невозможно да не се помине и низ прошетки да се ужива во убавините на Охрид и неповторливиот поглед на Охридското езеро и Галичица, на Плаошник, Св.Јован Канео и Самоиловата тврдина.Кејот е атрактивно место и заштитен знак на градот каде милиони слики се направени од сите генерации охриѓани и туристите од сите страни на светот. Охридскиот кеј со атрактивниот зелен парк, е место за одмор и „рај“ за душата.

Дел од дрвените клупи на кејот, се прилично оштетени и се тотално неупотребливи. Тие се со изедени и искршени даски и силно ја нагрдуваат сликата за уреденоста на кејот. Не е безбедно да се седи на дрвените оштетени клупи. Час поскоро, надлежните ќе треба да ги обноват дрвените клупи на Охридскиот кеј но и да ги осовременат.Празно ветување беа најавите на претходната локална власт за обнова и реконструкција на кејот.

Охрид се повеќе е топ дестинација на туристите од светот а кејот е местото каде сите поминуваат, се сликаат, разговараат, седат и уживаат во Охридската идила и неповторливиот амбиент.Обовувањето на оштетените клупи па и нивното осовременување е мал чекор за надлежните но голем за охридкиот кеј-шеталиште.

Според записите на охридските хроничари,дел од градскиот кеј е изграден во далечната 1928 година, а низ годините полека се доградувал се до 1941 година кога бил и хортикултурно уреден. Охридското шеталиште својот лик го добил во 50-тите години кога бил целосно изграден .Кејот до сега во неколку наврати е саниран на места каде што се појавиле оштетувања.ја збогати туристичката разгледница на градов и ќе биде привлечно место за прошетка  за  охриѓани но и бројните гости од земјава и странство.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK