Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Книжевно жезло“ за Видое Видически

„Книжевно жезло“ за Видое Видически

Сподели

Охридскиот поет Видое Видически е добитник на високата награда „Книжевни жезло“ од Друштвото на писателите на Македонија. Ова високо признание, му се доделува и на романскиот поет Ѓеорѓе Добре. 

 

Наградата „Книжевно жезло“, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности, ја добија македонскиот поет Видое Видичевски и романскиот поет Ѓеорѓе Добре.Одлуката едногласно била донесена од Организациониот одбор на Меѓународната манифестација „Празник на липите“ што се одржува во рамките на програмските активности на Друштвото.
Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на централната приредба на оваа манифестација, во јуни идната година. Друштвото на писателите на Македонија ќе објави посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на македонски, романски и англиски јазик.

Видое Видичевски е роден во Охрид, во 1931 година. Зад себе има богат и разновиден опус како поет, раскажувач и драмски автор. Во поезијата дебитира со стихозбирката „Сини питоми утрини“ во 1959 година. Потоа ги објавува поетските книги „Вечерен пејзаж од градот“, „Песни за потопот“, „Кажување на задоцнетиот пророк“, „Вие“ и „Биље крај езерото“. Неговата поезија преведувана е на италијански, француски, руски, турски и романски јазик. Автор е на збирката раскази „Заробеници на вечерните игри“ и на драмите „Бреговите се немирни“ и „Балада за орканата“. Бил оснивач и прв директор на Радио Охрид, директор на Домот на културата во Охрид, еден од оснивачите на „Охридско лето“ и негов раководител, како и покренувач на манифестацијата „Прличеви беседи“. За своето творештво добитник на низа признанија, меѓу кои наградата на РТС на Струшките вечери на поезијата, наградата за најдобра книга меѓу два саема, Седмоноемвриската награда на Охрид и наградата на „Дијалог“ за најдобра поетска книга во 2009 година.

Романскиот поет Ѓеорѓе Добре е роден во 1953 година во Рон Јоата, жупанија Јаломица. Главен уредник е на издавачката куќа „Хелис“ од Слобозија. Ѓеорѓе Добре е автор на 12 поетски книги, меѓу кои „Песни и знаци“, „Змеј со лотоси в уста“, „За осаменоста со суштината на материјата“, „Гилотината на реалноста“, „Вежби за слобода“, „Раскинувачи на илузии“ и „Трофеи“. Член е на Сојузот на романските писатели и добитник на неколку национални награди. Ѓеорѓе Добре минатата година во Романија ја објави книгата „Тој човек иде од некаде“, во која со поезија се застапени 34 поети од Македонија во препев на Димо Димчев.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK