Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ученици од „Христо“ за експеримент освоија втора награда

Ученици од „Христо“ за експеримент освоија втора награда

Сподели

Престижната манифестација Ноември Месец на науката 2017 година која оваа година се одржува по втор пат, овојпат во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија , повторно достижна и за учениците од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.


Матеј Исакоски и Елена Стојоска , двајцата ученици од 5 одделение, под менторство на наставничката Даниела Стојаноска , освоија втора награда за демонстрирање на експеримент од областа на хемијата .

Денот исполнет со интересни едукативни предавања , креативни работилници и добра дружба со преку 400 ученици од прво до шестто одделение од цела Македонија , за петтоодделенците од ОУ Христо Узунов заврши со високата втора награда за успешно изведен и добро образложен експеримент.

Целта на настанот е поттикнување на младите генерации да ја покажат својата креативност и знаење, со што од друга страна се врши популаризација на природните науки.
Директорот Тони Симоновски изрази голема благодарност до учениците и менторот кои ја продолжија традицијата на освојување на државни награди на овој реномиран државен настан и го промовираа ОУ Христо Узунов во Државни рамки.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK