Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охридската полиција фати „експерти“ за обивање базни станици

Охридската полиција фати „експерти“ за обивање базни станици

Сподели

 

Охридската полиција фати двајца крадци кои биле „специјалисти“ за обивање на базни станици. Во септември „оперирале“ во охридските базни станици на „Македонски телеком“ и на „Оне-Вип“ во која предизвикале пожар.

Еден од двајцата „стручњаци“, цели две години правел р“шум низ базните станици на повеќе други оператори и локации. Двајцата заработија кривична пријава. Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Г. (27) од скопското село Мралино и Ф.С. (19) од Агино село,општина Куманово. Двајцата,казненото дело го сториле на 29-ти септември оваа година во базната станица на ,,Телеком Македонија” во охридското Пештани. Притоа, со штрафцигер и со употреба на физичка сила ја отвориле влезната врата и одзеле три акумулатори за напојување, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Претходно, поточно на 21 септември, двајцата пријавени, со подесен алат го пресекле кабелот од базната станица на ,,ОНЕ-ВИП” лоцирана во месноста ,,Св.Еразмо” пришто дошло до опожарување на истата. -Сега пријавениот Ј.Г. во периодот од 2014 до 2016 година со подесен алат влегол во базните станици на повеке локации сопственост на ОНЕ-ВИП и во базната станица на ,,АД НЕОТЕЛ” и одзел акумулатори, кабли, бакарни ленти и гориво за напојување на генератор, соопшти портпаролот Димоски . Со извршувањето на казненото дело „тешка кражба“, двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист од 60.000,оо денари.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK