Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Во Охрид 350 слободни работни места

Во Охрид 350 слободни работни места

Сподели

Осум илјади слободни работни места во земјава,  а  стапката на невработеност од 22.6%.

 

Преку Агенцијата за вработување (АВРМ) има  7.974 отворени  огласи. Се бара секаков кадар, од фризер, келнер  и рецепционер до лекар и информатичар.

Најмногу слободни работни места има во Скопје (4.803), потоа  Битола (433), Кавадарци (399), па Охрид (351).  Најмалку огласи има во Кратово и Свети Николе (само по 2), а во Демир Хисар нема ниту едно слободно работно место.

Гледано по дејности најмногу работници се бараат во трговијата (2.531). Следуваат преработувачката индустрија (1.895), угостителство (1.066), транспорт и складирање (613).

Најбарани занимања се: продавач (907), хигиеничар (532), келнер (411), работник на лента (360), општ работник (334).

Целата анализа на следниот линк Денар.мк

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK