Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Што ќе се случува во Охрид за Нова година?

Што ќе се случува во Охрид за Нова година?

Сподели

Наближува најлудата ноќ во годината.

Охрид  се подготвува. Градот се украсува, ќе блесне како во бајка. Милион сијалички ќе го осветлуваат туристичкиот бисер. На градскиот плоштад се  поставува и нова  зелена елка, старата златната, која беше мета на бројни критики , конечно замина во историјата. 

Но што ќе се случува во Охрид од општината се уште не откриваат. Дали ќе има спектакуарен дочек на градскиот плоштад, кои ѕвезди ќе ги забавуваат охригани и бројните најавени туристи засега се држи во строга тајност. 

Дефинитивно е дека дочек ќе има, се преговарало и договарале забавите кои ќе траат повеќе денови , но не се откриваат детали. 

Инаку светот веќе одбројува.  Туристичките центри во соседството се нудат наголемо, се вртат ексклузивни настапи на познати музички ѕвезди.

Во  Охрид иако, засега ,  не се знае кој ќе биде ѕвезда на масовниот дочек, најавени се голем број туристи. По традиција според хотелиерите кои веќе се букираат најбројни ке бидат гостите од соседството. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK