Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Познатиот голман на Партизан во посета на Охрид

Познатиот голман на Партизан во посета на Охрид

Сподели

Во посета на  Охрид денес   е познатиот некогашен српски репрезентативен   голман на ФК „Партизан “, Ивица Краљ.

 

Тој заедно со претставници од локалната самоуправа на  Шабац, оствари работна средба со градоначалникот на општина Охрид, д-р Јован Стојаноски. 
На средбата меѓу другото се разговараше за можноста фудбалски екипи од Р. Србија  да имаат подготовки за натпревари  во Охрид како и да се организираат тренинг кампови. На состанокот  се разгледуваа и можностите  за идна економска соработка меѓу двете општини, Охрид и Шабац.

Некогашниот репрезентативен голман,  Краљ кој  е  актуелен   претседател на ФК „Мачва“ од Шабац,  попладнево со претставници од  општина Охрид ги разгледува спортските капацитети на градов.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK