Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Промовирана книгата „Слово за Свети Климент“

Промовирана книгата „Слово за Свети Климент“

Сподели

Во рамките на програмата за одбележување на Денот на Охрид, денеска напладне  беше промовирана новата книга на проф. д-р. Димитар Пандев „Слова за Свети Климент Охридски“ .

На почетокот на промоцијата на книгата која финансиски беше помогната од Локалната самоуправа, градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, рече дека со ваквите дела се збогатува ретката  охридска културна и книжевна многувековна ризница, а на авторот Пандев му посака уште многу вакви бележити дела.

-Приказната за Св. Климент Охридски, освен во свеста на охриѓани како роднокрајна, никогаш не е докрај разјаснета, ни растајнета. Таа е дел од охридскиот милениумски непремолк пред кандилата во секоја варошка куќа.Таа е стапалка Климентова на ридот надохридски каде по којзнае којпат, уште еднаш е препеан псалтирот од патници- намерници за која известуваат Миладиновци. Таа е Светиклиментова столица за која, од охридските лозја, пее Прличев. Таа е Климентово слово за кое пеејќи за Охрид, стихијно- застихува Рајко Жинзифов. Таа е и оваа најнова книга на проф. д-р Димитар Пандев- рече промоторот Митре Вељаноски.

Авторот на книгата „Слова за Свети Климент Охридски“ проф. д-р Димитар Пандев, рече дека му претставува посебно задоволство што во една книга, со поддршка на општина Охрид, собрани се неговите беседи за Свети Климент и најави дека набрзо ќе обелодени дека ја завршил новата книга која ќе биде на охридска тема.  

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK