Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Општината ги повика доверителите да склучат спогодби за исплата

Општината ги повика доверителите да склучат спогодби за исплата

Сподели

Општина Охрид ги повика доверителите да склучат спогодби за исплата на долгот.

Согласно усвоениот буџет на Општина Охрид за 2018 година,предвидените средства за исплата по судски решенија и експропријација на имот, Општина Охрид објавува

ЈАВЕН ПОВИК

Со кој се повикуваат доверители на Општина Охрид, кои заклучно со 31.12.2017 година, имаат побарување од Општина Охрид по основ на правосилно судско решение или извршна исправа доставени до трезорот при МФ или по друг основ,да достават предлози за склучување на спогодби за намирување на своите побарувања.

Во предлогот задолжително да бидат наведени сите поволности кои доверителите ги нудат кон општината во однос на сервисирање на нејзината обврска( рокот на сервисирање на побарувањето , бројот на ратите и евентуално отпис на дел од побарувањето).

Покрај писмениот предлог за склучување спогодба, доверителите треба да достават книговотствена документација за вкупните нивни побарувања.

Поради ограничените средства за оваа намена општината ќе пристапи кон склучување на спогодби со доверителите кои ќе достават најприфатливи понуди. Во случај на идентични понуди предимство имаат прводоставените понуди.

Рокот за пријавување е 15 дена по објавување на повикот на официјалната веб страница на Општина Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK