Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Се` е подготвено за Водици во Охрид

Се` е подготвено за Водици во Охрид

Сподели

Привршуваат  подготовките за главниот празник на градот Охрид – тоа е  Богојавление Водици.

Хотелиерите по традиција со екстра ниски  цени за верниците.Пријавувањето на стотиците капачи, кои ќе пливаат по светиот крст во водите на Охридското езеро започнува од понеделник.

 -„Во сите парохиски цркви во Охрид во кои ќе има богослужби сите заинтересирани капачи кои сакаат да се пријават можат во сите парохиски цркви каде што ќе може да земат програма и да добијат маици“, вели Илија Ристески од Дебарско кичевската епархија.

Од организациониот одбор велат се е подготвено за нјголемата црковно народна манифестација в земјава. 

-„Од украсување на светилникот , канделабрите и целиот простор околу кој се одржува манифестацијата. Расчистување на просторот расистување на езерото од отпадот создаден. Се надевам и оваа година како и во минатото ќе имаме масовна посетеност“, вели Љупчо Грданоски претседател на Организационен одбор на Водици.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK