Вто05222018

Последна промена05:57:27 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Денес Карневалско дефиле во Вевчани

Денес Карневалско дефиле во Вевчани

Сподели

Денеска ќе се случи долгоочекуваното карневалско дефиле во Вевчани.

Маските од Долно и Горно маало ќе се сретнат на сред село и ќе го изиграат првото Василичарско оро. Покрај традиционалните маски зетот невестата, глупавиот август и Ѓаволот и годинава се очекуваат бројни маски. Страшнои, смешни, екстравагантни, комични изработени до совршенство. Вевчанци се надалеку познати по изострената смисла за хумор и сатира. Како и секогаш досетливите вевчанци ги исмејуваат актуелните случувања од изминатата година, во кои главно место заземаат политичарите. 

Синоќа вевчанци и бројните гости се забавуваат  КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ (диџеј сет), ФОЛТИН и PLUTO'S DOUBTS , а вечерва е фолк вечер со ЏАМБО АГУШЕВ ОРКЕСТАР, БЛАГА ПЕТРЕСКА и ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ. 

Вевчанци со карневалот ја слават Православна Нова година и Свети Василиј. Со многуте пагански обичаи се обидуваат да го избркаат злото да не влезе во новата година. 

Дефилето на маските ќе се одржи во 14ч. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK