Вто07172018

Последна промена05:44:50 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид се подготвува за првата трка на келнери

Охрид се подготвува за првата трка на келнери

Сподели

Во склоп на манифестацијата „Од 20 до 20 - Сите во Охрид“ на 17 јануари во градот ќе се организира првата трка на келнери од најдобрите кафе барови, ресторани и хотели. 

После  Трката на келнерите, следува  Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, Фестивалот на графити и модерна уметност… 

После синоќешната прослава на  Православна Нова година со  групата Љубојна, следува последниот концерт во рамките на зимските празнувања , тоа е на празникот  Богојавление Водици битолската група Фолтин.

- „ Идејата ни беше да изградиме една манифестација која што ке носи сопствен печат и традиционално  ќе се одржува во наредните години ќе се надоградува секоја година а ќе трае цел месец од 20 декември до 20 јануари и ги опфаќа сите оние празници кои ги споменавме“, вели Јован Стојаноски градоначалник на општина Охрид.

Со секојдневна анимација, концерти,  трка со Дедо Мразовци, фестивал на вино и сирење, фестивал на палачинки и пица, фестивал на графити и модерна уметност,   баскер фест , претстави и изложби Охрид годинава се  обиде да ги задржи гостите  во текот зимската сезона.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK