Вто07172018

Последна промена05:44:50 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Традицијата продолжува: Василичарски огнови низ Охрид

Традицијата продолжува: Василичарски огнови низ Охрид

Сподели

Да се знае - кое маало, мрсно јало!
(Пред полноќ, по полноќ, каде да си – вечерва, на улица “130” да си!)

 

Во населбата “Радојца Новичич”,позната и како “Кај Црногорцине”, после неколкудневни подготовки, почна прославувањето на Стара Нова Година – Валисица, откако василичарите го запалија огинот.

По традиција, младите, но и постарите од оваа населба, се собираат на улицата “130”, на местото каде некогаш постоеше мала работилница за производство и печење цигли.

Маалското собирање во оваа населба отсекогаш го привлекуивало вниманието на охриѓани. Затоа и подготовките траат долго.

Најнапред се чисти теренот, се поставуваат маси, големи чадори, во случај на дожд и снег, забавата да не биде попречувана и да трае до долго во ноќта.

Годинава, подготовките значеа и набавка на триесетинха килограми месо и колбаси, два кубни метри огревно дрво, пиво, вино и се останато за добра забава.

Денеска се подготвуваа скарите – вкупно 3, а месо и колбаси ќе се пече и директно на огинот.

Пред полноќ, по полноќ, каде да си - вечерва на улица “130” да си, е мотото на василичарите.

Нека им е за многу години!

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK