Чет08162018

Последна промена03:24:29 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Пецаков: Да се укине поскапувањето на водата

Пецаков: Да се укине поскапувањето на водата

Сподели

СДС продолжува со ад-хок мерките со кои се одвиткува инфлаторната спирала. Нема живот без поскапување, реформите се со повисоки цени а со тоа самите признаа една од многуте свои грешки, обвини на денешната прес конференција Кирил Пецаков претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

Од минатиот месец охриѓани плаќаат за три и пол денари поскап дизел, а зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз.
Зошто ЈП „Проаква“ поднело барање за корекција на цената на водата за пиење до Регулаторната комисија за енергетика?
Советниците на СДСМ на седницата на Совет одржана на ден 22.12.2017 година ја потврдуваат донесената скандалозна одлука за поскапување на цената на водата.
Граѓаните веќе ги добија сметките со нови поскапени цени. Од 1.1.2018 год. цената на водата се утврдува во вид на зголемен варијабилен и дополнителен фиксен надоместок и тоа:
Физички лица
– зголемен варијабилен надоместок од 25,52 ден/м3, колектор зголемен на 16,54 ден. од 10,20 ден., и дополнителен фиксен надоместок од 70 ден.
Правни лица
– варијабилен надоместок 39,20 ден/м3, - фиксен надоместок 100 ден.

Одлуката за цената е на основачите на јавните комунални претпријатија, а тоа се Советот и Градоначалникот на општината.

За споредба ако сметката за месец декември изнесувала 266 денари сега за месец јануари изнесува 431 денар.
Ние, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесеме информација со барање за укинување на одлуките за поскапување на сметките за вода и одведување отпадни води за нискоградба.
Аналогно на сметките за вода, поскапуваат и сметките за нискоградба.
Ова ли е ветувањето на СДС преку планот за намалени трошоци и подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните? Се запрашале ли како ќе се одрази врз нивниот и онака тенок семеен буџет?
СДС единствено удри по џебот на секој граѓанин. Наместо суштински проекти тие ја замајуваат јавноста со мерки со кој ги ограбуваат граѓаните. Жално е што нивната неспособност ја плаќаат охриѓани, рече Пецаков. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK