Чет04192018

Последна промена04:49:13 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Кривична за охриѓанецот што нападна полициски приправник

Кривична за охриѓанецот што нападна полициски приправник

Сподели

Охриѓанецот што пред неколку дена нападна полициски приправник, доби кривична пријава од полицијата.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски вели дека пријавата е поднесена против 28 годишниот А.Ј.од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста”.
-Пријавениот, казнените дела ги сторил на осми овој месец во 20 часот и 20 минути во Охрид на пресекот на раскрсницата од кеј „Македонија“ со улица „Јане Сандански“ каде, униформирани полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Охрид вршеле работи од безбедноста во патниот сообраќај. Притоа било запрено патничко моторно возило „Опел тигра“ со охридски регистарски ознаки управувано од сега пријавениот. При обид да биде извршена контрола на возачката документација, Ј.А. почнал да вика на висок тон и да биде агресивен и во еден момент физички нападнал униформирано службено лице-приправник за полицаец, информира портпаролот Димоски.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK