Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид ОХРИДСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ НА ПРАКСА ВО БУГАРИЈА

ОХРИДСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ НА ПРАКСА ВО БУГАРИЈА

Сподели

Охридските средношколци од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ се на пракса во Софија.

Во рамки на “Me Doctor” проект од “Erasmus +” програмата кој овозможува мобилност на учениците и наставниот кадар, ученици од охридското средно стручно училиште СОСУ ”Св. Кирил и Методиј” се во посета на Универзитетската болница „Александровска“ во Софија, Бугарија. Размената е ретка можност за еден средношколец да може да помине 21 ден на практична обука во една од врвните универзитетски болници во Бугарија.
Оваа болница спаѓа во групата на реномирани универзитетски болници во Софија – Бугарија и е една од најстарите болници, богати со медицинска историја, која е основана во далечната 1879 год.Учениците се запознаа со системот на организација и работа на УМБАЛ “Александровска” а потоа беа распоредени во помали групи низ кабинетите и клиничките оддели на болницата и тоа во следните оддели: кабинетите за регистратура, ехокардиографија, интерни заболувања, лабораторија, ОРЛ, кабинетот по ендокринологија, понатака во клиниките за нефрологија, кардиологија, урологија, неврологија, хирургија и очни болести.
Учениците, во четврток, ќе ги посети градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски кој во рамки на посетата ќе оствари и средба со директорот на болницата, каде охридските ученици ја одржуваат својата практиканска работа и со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова. На средбата ќе се разговара за реализација на заеднички проекти од повеќе области кои што се во интерес на двете општини.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK