Вто09252018

Последна промена05:58:32 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид ОБНОВЕНО: Укината забраната за автомобили на Буково

ОБНОВЕНО: Укината забраната за автомобили на Буково

Сподели

СВР Охрид, ја укина забраната за  движењето  на автомобилите кон планинскиот превој Буково.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека поради обилните снежни врнежи на подрачјето, СВР Охрид презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.


-Напоменуваме дека забрана за движење кон планинскиот превој „Буково“ од 17 30 не важи за патничките моторни возила. На сила останува само забрана за тешки товарни возила. 

Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен. На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила . 


Поради тоа, а со цел избегнување на несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили а кон споманите патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен. Воедно, потсетуваме дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема, се вели во соопштението  од СВР Охрид.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK