Чет08162018

Последна промена03:24:29 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Поместени се паднатите дрвја од патот кај Климештани

Поместени се паднатите дрвја од патот кај Климештани

Сподели

Полицијата и Македонија пат остранија десеттина дрвја од патот кај Климештани.

Десеттина дрвја беа паднати на коловоз кај Климештани.Тие предизвикаа застој во сообраќајот и го отежнаа ионака спорото одвивање на сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево посебно на потегот од Климештани кон Ботун. Според последните информации, на овој магистрален пат има забрана за движење на тешки товарни возила кон превоите Пресека и понатаму кон Стража. На сила е забраната за движење на товарни возила и кон превојот Буково како и кон граничниот превој кон Ќафасан.На овие патни правци дозволено е движење на лесни возила но само со зимска опрема. Патниот правец кон граничниот премин Св.Наум е прооден, на коловозот има снег што предизвикува отежнато движење.Екипи на Македонија пат и на полицијата продолжуваат да бидат на терен. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK