Чет08162018

Последна промена03:24:29 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Снегот предизвика потешкотии во сообраќајот и електроснабдувањето

Снегот предизвика потешкотии во сообраќајот и електроснабдувањето

Сподели

Поголемата количина на снег која вчера и синоќа  го зафати регионот предизвика потешкотии во сообраќајот особено на патните правци надвор од градот но и електроснабдувањето.

Поради дефекти во електричната мрежа Вевчани, Дебрца и Струга останаа без струја.Снегот предизвика и штети на дрвја, бандери и електричните столбови. 

Од шест часот изутрина повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово - Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато. На патот Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби. Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула. Поради отстранување одрони во близина на село Истибања, од викендот е во прекин сообраќајот на патот Кочани - Македонска Каменица.Се користи алтернативен пат Кочани - Виница - Драгобрашта - Бигла - Македонска Каменица. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK