Вто06192018

Последна промена07:37:51 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Туристка од Молдавија: Евтини цените на сместувањето во преубавиот Охрид

Туристка од Молдавија: Евтини цените на сместувањето во преубавиот Охрид

Сподели

Туристката од Молдавија, Ница Думитрита Бутучеа која лани во август ја посетила Македонија вели дека земјата е убава, има што да понуди, храната е вкусна, луѓето се гостопримливи, но тажни, имаат тежок живот и едвај преживуваат.

 

Така ја доживеала Македонија, земја која планира и во иднина да ја посети. Била во Охрид, и раскажува дека езерото е преубаво, но жали што луѓето поради нискиот стандард ги издаваат своите соби за малку пари.

 „Ние бевме воодушевени и имавме прекрасна глетка кон езерото. Водата во езерото беше неверојатна. Луѓето беа добри, го сакам нивното гостопримство. Љубезни беа и во рестораните, а и пивото имаше многу убав вкус. Моето мислење за вашиот туризам е добро. Но, луѓето не можат за повисока цена да ги издаваат собите затоа што земјата е сиромашна. Видов дека многу луѓе и под цена ги издаваат собите, само за да заработат нешто. Ни издаде соба еден стар човек за неколку долари, ни ги понуди најдобрите услови од она што можеше, но тоа во исто време беше тажно. Тоа беше стар човек, и ние сфативме дека животот кај вас е многу тежок“ – вели оваа девојка од Молдавија.

Целата приказна на Фактор.мк

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK