Нед12162018

Последна промена04:44:54 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Кинеската компанија бара дополнителни 145 милиони евра за автопатот Охрид Кичево

Кинеската компанија бара дополнителни 145 милиони евра за автопатот Охрид Кичево

Сподели

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид има сериозни проблеми бидејќи кинеската компанија „Синохидро“ бара нови средства и поставува непријатни услови кон македонските компании.

Имаме две опции или да го раскинеме договорот со нив или да го продолжиме и да издвојуваме нови средства, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Според вицепремиерот Анѓушев откри дека настанал сериозен проблем пред потпишување на анексот.

„Сега Владата е ставена во позиција да избира помеѓу две зла - првото да го раскине договорот, а второто да го продолжи, но со нови услови, кои се крајно неповолни за дел од македонските компании кои се јавуваат како подизведувачи“, рече Анѓушев.

Автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и требаше да биде готов во јануари годинава. Цената на потпишаниот договор за овој автопат беше 373 милиони евра, но по откриените бројни нерегуларности и нерешени имотно правни односи се чека на потпишување на анекс на договорот.

Кинеската компанија, според Анѓушев, побарала дополнителни 145 милиони евра. Владата најави дека рокот за изградба на автопатот ќе се пролонгира за уште три години, но сѐ уште се чека на потпишувањето на анексите за продлолжување на рокот за градба и за дополнителната сума што треба да се исплати.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK