Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Слаби оценки за македонските училишта

Слаби оценки за македонските училишта

Сподели

Просветниот инспекторат констатирал дека има евидентен недостаток на наставни средства и помагала, како и поддршка на наставниците во основните училишта за успешна реализација на сите содржини од наставните предмети.

Од 115 основни училишта, само четири добиле највисока оценка (многу добар) од испекторите од Државниот просветен инспекторат. Само две средни училишта, од 33, во кои лани е извршена инспекција ја добиле оваа највисока оценка. 

Во ланската учебна година, просветниот инспекторат спровел вкупно 162 интегрални евалуации со кои го вреднува квалитетот на работата на училиштата. Согласно индикаторите, тие се оценуваат на четири нивоа: многу добро, добро, делумно задоволува и не задоволува. За среќа, ниту едно училиште лани не ја добило квалификацијата не задоволува, а најголем дел од нив се оценети со оценка добар. Но сепак, на една рака може да се избројат оние што добиле чиста петка. 

Од вкупно 115 основни училишта кои ги чешлаше просветната инпекција, 65 проценти или 75 училишта се оценети со оценка добар, 31 процент или 36 училишта добиле оценка делумно задоволува. Кога се во прашање средните училишта 76 отсто добиле оценка добар, а 18 проценти делумно задоволува. 

Недостигаат наставни средства, компјутери, учебници. Целата анализа на Факултети.мк. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK