Чет04192018

Последна промена04:49:13 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Меѓународен семинар за планирање и развој

Меѓународен семинар за планирање и развој

Сподели

Во рамки на програмата на Академијата за добро управување, градоначалникот Јован Стојаноски, денес, го отвори меѓународниот семинар за планирање на развојот на единиците на локалната самоуправа и управување со општинскиот имот.

 

- Дозволете ми најнапред во мое лично име и во името на градот Охрид, да ви посакам пријатен престој и успешна работа на овој исклучително важен семинар,кој ги третира темите за успешен развој на единиците на локалната самоуправа. Развојот на општините, како примарни единици на непосредно остварување и практикување на демократските права на граѓаните, е од исклучително значење за поширокиот развој на заедницата. Во таа насока, обмисленото и одржливо планирање е condition sine qua non за општините, не само за секојдневното функционирање на општината и успешно сервисирање на граѓаните, туку и поглед кон иднината и одговорност за генерациите кои доаѓаат после нас, рече градоначалникот Стојаноски.

Семинарот е поддржан и организиран од германската политичка фондација Ханс Зајдел со седиште во Минхен, Баварија, бугарската асоцијација на општинските службеници од Софија и од меѓународната фондација Балкан Нет со седиште во Скопје.

Во текот на дводневниот семинар учесниците и предавачите од Бугарија и Македонија ќе разменат искуства и практики на темата „Стопанисување со општинскиот имот“ и ќе бидат презентирани примери за добро управување на локалната власт.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK