Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Недела на солидарност - да подадеме рака

Недела на солидарност - да подадеме рака

Сподели

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 16 - 22 април 2018 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ - ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, , со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која Ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.


Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:
- донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајЌи и сабота и недела од 8 до 15 ч. како и на собирните пунктови за прехрамбени производи во маркетите во Охрид
- давање на доброволни прилози на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст Охрид, кои Ќе бидат на повеЌе јавни пунктови низ градот
- донирање на парични средства на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст Охрид, преку акцијата -Од куЌа до куЌа-, во која волонтерските тимови на наШите сограЃани Ќе им приложат плико и информативен флаер за нивна вклученост во акцијата за донирање парични средства според нивната желба и можности
- донирање на парични средства на жиро сметката на Црвен крст со назнака за “Недела на солидарност”.
Ве молиме преку ВаШиот медиум да ја информирате јавноста за оваа хуманитарна, собирна акција.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK