Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Научна конференција на престижните германски фондации во Охрид

Научна конференција на престижните германски фондации во Охрид

Сподели

Во организација на Хумболдт и ДААД-клубот Македонија, алумни асоцијација која ги обединува корисниците на стипендии на престижните германски фондации ДААД и Александер фон Хумболт, во периодот од 19ти до 23ти Април во Скопје и Охрид ќе се одржи научна конференција на кој ќе присуствуваат добитници на Alexander von Humboldt стипендии од Балканскиот регионот, нивните колеги од Германија, како и видни интелектуалци и млади истражувачи од нашата земја.


Отворањето на оваа научна манифестација ќе биде на 19ти април во 18.30 во МАНУ, во присуство на Министерката за образование и наука на Република Македонија проф. д-р Рената Дескоска, Претседателот на МАНУ проф. д-р Таки Фити, ректорот на УГД-Штип проф. Блажо Боев, ректорот на УКИМ, проф Никола Јанкуловски, и амбасадорот на Р. Германија, господинот Томас Герберих. Притоа, проф. д-р Валентин Мирчески, основач и претседател на Хумболдт и ДААД Клубот –Македонија ќе одржи предавање во врска со Александар фон Хумболдт фондацијата, личните искуства од научната работа поддржана од оваа фондација и можностите за поддршка на младите научници од нашата земја, пишува Факултети.мк. 

На овогодинешниот Хумболт Конгрес, главното внимание ќе биде посветено на можностите за вмрежување и соработка што ги нуди оваа фондација, како и на предизвиците што претстојат во науката во наредниот период.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK