Пон07162018

Последна промена11:46:57 PM

Layout

Cpanel
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Кардиолошкиот завод со бесплатни прегледи

Кардиолошкиот завод со бесплатни прегледи

Сподели

Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид неколку денови ќе врши бесплатни прегледи.

Превентивните прегледи кои се во склоп на неделата на хипертензија започнуваат од утре среда 16ти мај. Покрај прегледите кои ќе се вршат во Заводот, медицински екипи ќе ја проверат здравствената состојба на вработените во неколку јавни институции како општината, полицијата и пожарната од Охрид. Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“ годинава се вклучува во одбележување на неделата на хипертензија односно висок крвен притисок, во соработка со фармацевтската куќа „Крка“.

Директорката на Заводот, д-р Елена Коваческа Башуроска вели дека почнувајќи од утре 16 мај од 10 до 14 часот во кардиолошкиот центар ќе се вршат бесплатни прегледи на кои ќе се мери крвен притисок, ќе се прави ЕКГ а ќе се делат и здравствени совети од стручен медицински тим. 

-„Предвидовме неколку дневни активности со цел подигнување на свеста на граѓаните за важноста на рано откривање, превенција и навремено и правилно лекување на високиот крвен притисок кој што е еден од најголемите ризик фактори за срцеви, мозочни и бубрежни заболувања“ , изјави др Елена Коваческа Башуроска.

– ,,Наредните два дена, односно четврток и петок лекарски тимови од Заводот ќе посетат неколку јавни работни институции со мерење на крвен притисок како и со едукативни предавања. Оваа година одлучивме тоа да бидат општина, полиција и пожарна. Секако нашите активности и понатаму ќе ги практикуваме со цел да бидеме поблиску до граѓаните и нивното здравје впрочем и како здравствени работници тоа е и наша мисија“, додава Башуроска.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK