Чет05242018

Последна промена10:25:49 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Утре „Детски семафор“ во Охрид

Утре „Детски семафор“ во Охрид

Сподели

Утре во Охрид ќе се одржи општинскиот натпревар по сообраќај „Детски семафор“.

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, и оваа година, заедно со учениците од основните училишта во Охрид, ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација "Детски семафор". Општинскиот натпревар "Детски семафор 2018" ќе се одржи утре (среда) во 10 часот во Основното училиште „Христо Узунов“, каде најнапред ќе се одржи теоретскиот дел односно електронско полагање на сообраќајни тестови а потоа во 11 часот на кеј „Македонија“, каде ќе се изведе практичниот дел од натпреварот.
М-р Стефан Димоски, претседател на Советот, вели дека за спроведување на општинските натпревари, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, ги обезбеди електронските тестови како и признанија и благодарници за учесниците.Наградите за освоено прво, второ и трето место во машка и женска конкуренција ги обезбедува Локалната самоуправа. Традиционално, за првонаградените во машка и женска конкуренција се обезбедува по еден велосипед додека за второ и трето пласираните по една велосипедска кацига или друга пригодна награда. Гости на натпреварот „Детски семафор“ е велосипедската група од училиштето „Јахја Кемал“ во Струга.
-Целта на Општинската сообраќајно-воспитна манифестација "Детски семафор" е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот, изјави портпаролот Димоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK