Нед10212018

Последна промена05:37:09 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Охрид-македонска дестинација за снимање филмови

Охрид-македонска дестинација за снимање филмови

Сподели

Промотивни слајдови од Охрид се најдоа меѓу повеќе атрактивни македонски локации на веб страната www.filmingmacedonia.com.

Агенцијата за филм годинава стави акцент на унапредување и подобрување на промоцијата на Македонија како дестинација за снимање поради што подготви и посебна веб-страница www.filmingmacedonia.com за која посебно беа изработени промотивни слајдови со фотографии од најатрактивни локации за снимање. Дополнително, месецов во дневните изданија на списанието „Холивуд репортер“ Агенцијата за филм закупи простор за објава со која се направи промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови.Голем број филмски професионалци го посетија македонскиот штанд на престижниот Кански фестивал каде беше промовирана Македонија како дестинација за снимање на филмови и беа претставени домашните остварувања кои годинава се дел од оваа реномирана манифестација.На присутните им беа поделени промотивни материјали и подетално се запознаа со Македонија и со нејзиниот филмски потенцијал. На промотивниот настан присуствуваше екипата од филмот „Дивата круша“, чиј копродуцент е Македонија, и е во официјалната селекција на Канскиот фестивал. Беа претставени и домашните остварувања кои се дел од филмскиот маркет – двата долгометражни, „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски и „Дедо и внук“ на Илија Пиперковки, како и два краткометражни филмови, „Една“ на Вук Митевски и „Готлиб“ на Крсте Господиновски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK