Трето место за Охридската гимназија на државниот натпревар по англиски јазик
- Детали
- Објавено на Среда, 16 Мај 2018 10:10
Трето место за Охридската гимназија на државниот натпревар по англиски јазик.
На 12. 05 во Скопје во УАКС - University American College беше одржан државниот натпревар по англиски јазик. Гимназијата Св. Климент Охридски во конкуренција на 18 средни училишта повторно постигна одлични резултати. Имено, ученикот Павел Спростран под менторство на проф. Сузана Ристеска го освои третото место.