Вто09252018

Последна промена09:47:50 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Најмладите ја посетија езерската полиција

Најмладите ја посетија езерската полиција

Сподели

Децата од детската градинка „Билјана“ ја посетија езерската полиција.

Педесетина деца од детската градинка „Билјана,“ денеска ја посетија полициската станица за граничен надзор-Охридско езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостојниот инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција и оделението за превенција предводено од началникот Миле Јаковчески, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција.
-Најмладите, на денешниот едукативен час со виден интерес ги разгледаа полициските чамци и глисери, полициските скутери како и возилата и моторциклите што, останатите полициски службеници постојано ги користат во секојдневното извршување на другите работни задачи.Денешната посета на децата од градинката е планирана активност во рамките на проектот „Мојот пријател полицаец“, изјави портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK