Вто09252018

Последна промена05:58:32 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид „Детски семафор“ успешно одржан во Охрид,

„Детски семафор“ успешно одржан во Охрид,

Сподели

Општинскиот совет за сообраќајна безбедност денеска успешно го реализира проектот „Детски семафор“.

На улица „Македонија“, денес, во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот се одржа манифестацијата „Детски семафор“. На натпреварот учество зедоа педесеттина ученици од општинските основни училишта како и гости- учениците од училиштето „Јахја Кемал“.Организаторите и учесниците ги поздрави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој што им посака успешен натпреварувачки ден, но и понатамошен успех во регионалниот и државниот натпревар.

Претседателот на општинскиот Совет за сообраќајна безбедност кажа дека целта на Општинската сообраќајно-воспитна манифестација "Детски семафор" е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот.


Претседателот Димоски најави дека утре ќе бидат познати конечните резултати од теоретскиот и практичниот дел и пласманот во машка, женска и екипна конкуренција. Традиционално, за првонаградените во машка и женска конкуренција се обезбедува по еден велосипед додека за второ и трето пласираните по една велосипедска кацига.Оваа сообраќајно воспитна едукативна манифестација се организира во соработка со Републичкиот совет за безбедност сообраќајот.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK