Нед10212018

Последна промена05:37:09 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Работилница за полесно спроведување на законот за туризам

Работилница за полесно спроведување на законот за туризам

Сподели

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски присуствуваше на инфо сесијата  на тема „Потреба од промена на развојната програма  во делот на класификацијата  и стандардизацијата во туризмот и угостителството“ што денес се одржува во Охрид .


Градоначалникот Стојаноски на почетокот од сесијата на учесниците им посака добра и успешна работа кој ќе донесе плодни резултати  и заклучоци за унапредување на бизнис климата во градов и државава.

Настанот се однесува на сите  микро, мали и средни  претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законот за туризам и угостителство , како и информирање на претпријатијата за полесно спроведување на законските регулативи преку јакнење на јавно- приватниот дијалог.  На седбата се дискутираше на теми поврзани со согледување на постоечката состојба,предлагање на најсоодветни решенија  за идниот развој на туризмот и угостителството, иницирање конкретни мерки  за финализирање на предложените законски промени како и дополнување на определени законски акти кои што детално би го регулирале спроведувањето на законската регулатива. Со тоа би се постигнал зголемен и долгорочен развој на туризмот и угостителството. Беа отворени и други теми за подобра бизнис регулатива со цел да се олесни работењето на фирмите и истовремено да се допринесе кон подобрување на предложената законска регулатива.

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ го спроведува ЕПИ Цантар Интернационал во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK