Чет05242018

Последна промена10:25:49 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Електронско наддавање за закуп на охридските плажи

Електронско наддавање за закуп на охридските плажи

Сподели

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска одржа работна средба со постојните и новозаинтересираните закупци  на охридските плажи на која се разговараше за текот на постапките околу закупување  на плажите во пресрет на летната туристичка сезона.

 Закупците  беа информирани  дека согласно одлуката на градскиот Совет  почетната цена за издавање под закуп за метар квадратен ќе биде 90 денари. Цената се однесува за плажите во централното градско подрачје и првата зона , а наддавањето ќе биде по електронски пат и се очекува да се реализира наредниве денови.   Плажите кои нема да бидат дадени под закуп во првиот круг ќе има второ и трето наддавање.  Плажите ќе се даваат под закуп за период од 5 години.

На средбата се разговараше и за последиците од  штетите на охридските плажи по невремето во месец март годинава.

Денешната беше трета по ред работна средба на градоначалникот Јован Стојаноски со закупците  на охридските плажи пред почетокот на летната туристичка сезона. Во насока на побрзо решавање на проблемите со кои тие се  соочуваат , градоначалникот најави идни вакви   средби .   

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK