Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид Свети Јован Богослов- се слави во Канео

Свети Јован Богослов- се слави во Канео

Сподели

 Според православниот календар денес се слави споменот Светиот апостол и евангелист Јован или Јован Богослов.

 енес се оди во најфотографираната црква во Охрид - Свети Јован Канео.  Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од неговиот гроб, од која се исцелуваа болни од разни болести.

 

Апостол Свети Јован е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец, еден од творците на Евангелието.

Апостол Јован е роден во Палестина. Неговите родители се викале татко Зеведеј и мајка Салома. Јован заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој е еден од првите ученици на Јован Крстител. Заедно со Свети Андреј, прв станал апостол на Исус Христос. Заедно со Свети Јаков и Свети Петар, тој е еден од апостолите на кој Исус најмногу им верувал. По воскреснувањето на Исус, тој останал во Ерусалим заедно со Свети Петар, лечејќи го народот од разни болести.

Во Ерусалим се задржал се до смртта на Дева Марија, најмногу поради тоа што и самиот Исус Христос на крстот му ја дал оваа задача да се грижи за неговата мајка. Во 60 година проповедал во Мала Азија, станувајќи бискуп и основач на христијанската црква на овие простори. Доживеал длабока старост, починал на 101 година во времето на цар Трајан. Според Библијата, кога Јован наполнил повеќе од сто години, наредил на своите ученици да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа тој влегол жив во гробот и бил погребан. Кога подоцна неговите верници го отвориле неговиот гроб, не го пронашле телото во гробот.

Неговото евангелие е напишано за прогонувањето на христијаните. Тој во христијанскиот народ се трудел да ја утврди вербата кон Исус Христос. Творец е на “Откровението“

Негов симбол е орелот. Заштитник е на писателите, издавачите, сликарите, теолозите. Неговото име се честува на 26 септември Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK