Пет12062019

Последна промена08:44:45 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Охрид ФОТО: Убавината и чудата на манастирот „Си Свети“ во Лешани

ФОТО: Убавината и чудата на манастирот „Си Свети“ во Лешани

Сподели

На триесеттина километри од градот Охрид, во  живописното  село Лешани, во областа Дебрца се наоѓа раскошниот манастир единствен манастирски комплекс посветен на „Сите Светители“ во Македонија, но и на Балканот.

До манастирот води асфалтиран пат, на кој постојат уредно поставени патокази.

Храмот  (Манастир „Си Свети“) е средновековен манастир во областа Дебарца, сместен во селото Лешани.

Старата црква на манастирот посветена на „Сите Светци“ потекнува од 1452 година, кога биле удрени нејзините темели на постара црква, која се претпоставува дека потекнува од IX век. Подоцна, била подигната и нова поголема црква посветена, исто така, на „Сите Светци“ веднаш до старата помала црква.

Во текот на XIX и XX век, кога имал активен монашки живот, манастирот бил добро одржуван, но по 1971 година, со починувањето на последната монахиња, започнал да пропаѓа и руинира.

Манастирот е тесно поврзан со историјата на Дебарца, па така за време на НОБ, во него се наоѓал штабот на партизанските единици и оттука се планирале ослободителните акции.

Монашки живот

Лешанскиот манастир претставувал женски манастир во текот на XIX и XX век, а сестринското сè до Втората светска војна броела и до 30 монахињи. По војната останала само сестрата Евдокија, која во 1971 година починала и е погребана во манастирот.

Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: старата манастирска црква, заедно со рушевините и темелите на постарата средновековна црква, новата манастирска црква, новата камбанарија налик на црква, новоизградената црква „Покров на Пресвета Богородица“ и конаците.

 „Црква „Сите Светители“ - Лешани“

Била изградена во 1452 година, кога е и живописана. Таа е мала еднокорабна, ѕидана од кршен камен и бигор. Живописот, што го има изведено непознат автор, се издвојува со својот колоритет, што ретко се среќава. Некои фрагменти покажуваат дека црквата е живописана и од надворешната страна. Авторот на живописот влегува во редот на талентираните зографи.

При горењето на манастирот Си Свети во 1903 година од страна на турскиот аскер уништен е нартексот на манастирската црква, а од пожарот и сочуваните фрески изгубиле од својот колорит.

Сепак останатиот дел од манастирската црква од 1452 година и она што останало од фреските е драгоцено културно-историско богатство. Токму затоа, сите кои пишувале за манастирите во Македонија, за ѕидното сликарство, без разлика од кого и од кои поводи, го споменуваат манастирот Си Свети, но прв кој даде научен опис на фреските од оваа стара црква е Гојко Суботиќ во книгата Охридска сликарска школа од 15 век (Охрид, 1980). Според него и го предаваме описот на сочуваниот дел од фрескоживописот на манастирската црква од 1452 година.

Со решение на Централниот завод за заштита на културно-­историски споменици и реткости на Македонија од 1953 година манастирот „Сите Светии“ е прогласен за историско-­културен споменик на Македонија бидејќи се смета за значаен стар храм.

Големата црква воодушевува со богатиот фрескоживопис и чудотворната икона со Сите Светии. Не можете да влезете, а да не ги забележите „Страшниот суд“ и „Второто Христово доаѓање“ во чија композиција се објаснети пеколот, рајот и соборот на сите светии – царството небесно.

Црква „Покров на Пресвета Богородица“

 „Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Лешани“.

Новоизградена црква во дворот на манастирот.

Животот во манастирот денес

Денес во манастирот Сите Светии живее единствениот монах - отецот Ватртоломеј и неговата  мајка Илинка. И двајцата зрачат со љубов и привлекуваат илјадници верници од регионот, кои доаѓаат по благослов во духовното светилиште. 

Поради интересот за заживување на монашкиот живот денес на големиот празник посветен на Сите Светии свечено беше поставен камен темелник за изградба на нови монашки конаци. На свеченоста присуствуваа илјадници верници и владиката Тимотеј.

Чудата на Лешанскиот манастир 

Еден ден кога во селото снемало струја во манастирот се појавиле  четири снопа светлина. Два пламени снопа застанаа на местото пред конакот, а другите два застанале  зад олтарите на двете цркви.  Од монашкиот конак до црквата патеката беше осветлена како авионска писта, како со свеќички, ѕвездички и целосно озарение на една благодатна светлина во црквата се познаваше.

„Буквално како илјадници свеќи да горат внатре. Ова се случуваше до две минути на полноќ. На две минути пред полноќ се осветли целиот манастирски комплекс како напладне, како ден и точно на полноќ се собраа четирите пламени снопови во сред манастирски двор и исчезнаа“, раскажува отец Вартоломеј за МИА. 

Во наредните шест месеци се чуствувала густина на благодетна сила и енергија. На шеститот месец, на 12 јули следната година на влезната врата од манастирскиот комплекс се појавил неракотворниот лик од Пресвета Богородица, а под нејзиниот лик раката на Господ Исус Христос, кој ги благословува сите добронамерни верници што доаѓаат на поклонение.

По појаувањето на ова чудо во 2012 година почна да се гради нова црква посветена на Покров на Пресвета Богородица. Црквата се изгради со средства од верниците. 

ФОТОГРАФИИ 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK