Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Соседска драма во Охрид

Соседска драма во Охрид

Сподели

Охриѓанец со нож го нападнал соседот.

Повозрасен охриѓанец со нож нападнал сосед но за среќа не го повредил. Настанот се случил на 20 мај во влезот од зградата на „Туристичка“ при средба на двајцата соседи.Напаѓачот заработил кривична пријава.Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ц.Т.(71) од Охрид.На 20-ти минатиот месец, при средба на пријавениот со неговит сосед В.Ј.(55) во ходник од зграда на булевар „Туристичка” во Охрид, се случила меѓусебна вербална караница околу чистење на оџакот и забелешка од В.Ј. кон пријавениот дека неговото купатило прокиснувало.
-Во еден момент, сега пријавениот извадил нож, се заканал дека ќе го употреби, замавнал со ножот кон соседот, кој пак успеал да се оттргне избегнувајќи директна повреда.За кратко време интервенирал друг сосед кој го оддалечил пријавениот на страна и му го одзел ножот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK