Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Сите градски улици во центарот на Охрид ќе бидат паркинзи

Сите градски улици во центарот на Охрид ќе бидат паркинзи

Сподели

 

Општина Охрид заедно со ЈП „Билјанини извори“ наскоро започнува проект за нов начин на наплата за паркирање на возила во Охрид . Охриѓани, гостите и туристите наплатата за паркирање на своето возило може да го реализираат со испраќање на SMS порака.

 Според проектот централното градско подрачје се дели на три зони А (црвена) зона, Б (темно сина) зона и В (светло сина) зона согласно приложената мапа.

 

На сите градски улици во центарот на Охрид ќе се наплатува паркинг. Паркирањето на автомобилот пред своите домови ќе го плаќаат и жителите на центарот. За нив цената ќе биде 500 ден месечно или 6000 денари годишно. 

Проверете дали и вашата улица ќе б иде паркинг......

Прв степен на ограничување на паркирање - ЗОНА А се применува на сите јавни
паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање кои се наоѓаат на следните
сообраќајници - улици:
- улица Илинденска по цела должина
- улица Цар Самоил по цела должина
- улица Коста Абраш по цела должина
- Бул. Македонски Просветители од пресекот на оваа улица со Бул. Туристичка до
кружниот тек на Плоштад заедно со кружниот тек на сообраќај,
- улица Кеј Македонија од кружен тек до крстосница со ул. АСНОМ ( во временски
период кога улицата е отворена за динамички сообраќај на моторни возила)
- улица Партизанска од пресекот со ул. Македонски Просветители до пресек со ул.
Ванчо Николески
- ул. Димитар Влахов од пресекот со ул. Ванчо Николески до крајот
- ул. Кузман Јосифоски Питу по цела должина
- ул. Ванчо Николески од пресекот со ул. Партизанска до пресек со ул. Кеј Македонија
- ул. Јане Сандански од пресекот со Партизанска до пресек со Кеј Македонија
- новопроектирана улица кај стара Автобуска станица
- паркинг просторот кај Стара стоковна куќа Чинар

Втор степен на ограничување на паркирање - ЗОНА Б се применува на сите јавни
паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање кои се наоѓаат на следните
сообраќајници - улици:
- ул. Даме Груев од пресекот со Бул. Македонски Просветители до Бул. Туристичка
- ул. Ванчо Николески од пресекот со Партизанска до Димитар Влахов
- ул. Партизанска од пресекот со Ванчо Николески до крај
- ул. АСНОМ од пресекот со Бул. Туристичка до пресекот со Кеј Македонија
- ул. Кеј Македонија од пресекот со АСНОМ до Каналот Студенчишта
- ул. Караорман од Димитар Влахов до пресек со Бул. Туристичка
- ул. Паркинг просторот кај станицата за Брза помош
- ул. Серафим Китаноски
- ул. Војдан Чернодрински
- ул. Страшо Пинџур

Трет степен на ограничување на паркирање - ЗОНА В се применува на сите јавни
паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање кои се наоѓаат на следните
сообраќајници - улици:
- Бул. Туристичка од пресекот на оваа улица со ул. Абас Емин до пресекот со ул. Јане
Сандански
- ул. Јане Сандански од пресек со Бул. Туристичка до кружната крстосница кај Општа
Болница
- ул. Гоце Делчев од пресекот со Абас Емин до Стив Наумов
- ул. 7 - ми Ноември - паркингот кај ОУ "Братство и Единство" и паркинг просторот од
десна страна од Маркет Тамаро до стара бензиска пумпаа

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK