Вто12182018

Последна промена12:25:26 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Нови кривични за вработени во охридската болница

Нови кривични за вработени во охридската болница

Сподели

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(58) од Охрид и О.Л.(49) од Струга за сторено кривично дело ,,Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во период од февруари 2012 година до ноември 2015 година, првопријавената, како помошник директор за економски работи во ЈЗУ Општа болница Охрид изготвила 13 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина, додека второпријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ Општа болница Охрид, изготвила 10 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина, при што истите ги завериле наредбите со свои потписи, како и со факсимилот со скратен потпис од директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, без овластување од истиот. Пријавените, за да ги потврдат изготвените наредби, и ги дале службените картички за редовност на хигиеничарката, и со усна наредба ја задолжиле да врши отчитување на истите во 20,00 часот, и покрај тоа што пријавените останувале на работните места до 16,00 часот. Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 141.746 денари, на штета на ЈЗУ Општа болница Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK