Чет10182018

Последна промена08:48:06 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Започнува фестивалот „Вдиши Театар“

Започнува фестивалот „Вдиши Театар“

Сподели

Денеска започнува петтиот-јубилеен фестивал „Вдиши Театар“.

Во Охрид денеска започнува јубилејниот петти Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал „Вдиши Театар“.На јубилејното фестивалско издание, што ќе трае до 17 месецов, ќе има вкупно 7 театарски претстави и настап на шеесеттина актери-аматери од охридскиот Црвен крст како и нивни врсници од организациите на Црвениот крст од Битола, Крива Паланка, Бар, Ужице, Суботица, Требиње и Крагуевац. Свеченото отворање на фестивалот што го организира охридскиот Црвен Крст, ќе биде вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 21:00 часот. Овогодинешното издание на „Вдиши театар“ ќе почне со театарската претстава „Во фиока“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, а во изведба на театарската аматерска група на Црвен крст од Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK