Пет10192018

Последна промена12:42:47 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Ново подводно истражување во Заливот на коските

Ново подводно истражување во Заливот на коските

Сподели

Идниот месец ќе почне ново подводно истражување во Залив на коските кај Градиште.

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) и Центарот за истражување на предисторијата – Скопје денеска организираат отворен ден со медиумите на локалитетот Плоча Миќов Град (Залив на коските) кај Градиште во Охрид по повод отпочнувањето нова археолошка кампања на подводни и дендрохронолошки истражувања.Како што соопшти УЗКН, на овој локалитет – предисториска наколна населба, во текот на идниот месец ќе се реализира ново археолошко истражување во рамки на меѓународен проект во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата – Скопје, Универзитетот во Берн и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.
– Во проектот првпат ќе бидат применето дендрохронолошко датирање на археолошки локалитет во Македонија, така што ќе се анализираат дрвените колци од населбата, а воедно ќе се изврши и нивно ГИС мапирање со цел да се одреди точната позиција. На тој начин, ќе се утврди староста на секоја градба поединечно и прецизно ќе се одреди нивниот облик. Во рамките на проектот ќе се врши фотограметриско и 3Д моделирање на наодите и нивно кабинетско проучување со цел да се дефинираат социјалните, економските и симболичките процеси на заедниците што ја формирале и живееле во оваа предисториска наколна населба, информира УЗКН.Почетокот на истражувањето со свои обраќања ќе го означат Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство, Алберт Хафнер, професор на Институтот за археологија при Унивезитетот во Берн, и Гоце Наумов, раководител на истражувањето.На настанот ќе биде презентиран планот на истражувањата, а ќе се демонстрираат и нуркачки активности на археолозите вклучени во проектот – истражувачи и студенти од Швајцарија и Македонија. Овој настан е вклучен во годишната програма на УЗКН за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK