Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Отворен Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“

Отворен Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“

Сподели

Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на Младински аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид по петти јубилеен пат, како предвесник на охридското културно лето, се реализира од 13-17 јуни во Охрид.


Спектакуларен беше и настапот на театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „ВО ФИОКА“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сиона Доленц. Нашите млади и талентирани актери на креативен и вешт начин не потсетија за изгубените вредности во денешницава, но и ја истакнаа надежда дека тие се само скриени „во фиока“ и дека секој од нас треба да направи исчекор за враќање на вистинските вредности.


Втората вечер од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за театарската група на Црвен крст Суботица, Србија кои вечерва, 14.06.2018 г., во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 21:00 ч. ќе ја изведат театарската претстава „СОБИРЕН ЦЕНТАР“, од Душан Ковачевиќ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK