Пет10192018

Последна промена09:38:28 AM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Усвоени предлог одлуките за проширување на паркинг зоните

Усвоени предлог одлуките за проширување на паркинг зоните

Сподели

Проширувањето на паркинг зоните и новиот начин на наплата   ги раскара  охридските советници. За  ВМРО ДПМНЕ  одлуката сите улици во центарот на градот да бидат паркинзи со наплата  е безмалку небулозна. 

 

Претворањето на улиците во паркинзи   во Стариот град и   низ централното градско подрачје ќе предизвика дополнителен сообраќајен хаос , но и дополнителен трошок за охриѓани и викендашите,  особено на оние кои живеат во центар.

Според советниците од ВМРО ДПМНЕ  скандалозно е што зад одлуката не постои сообраќајна студија, а  дополнително ќе бараат кривична одговорност  од директорката на ЈП „Билјанини извори“ и од градоначалникот, затоа што веќе потпишале договор за СМС наплата без одлука на Совет.

- „Ние како советничка гупа ќе бараме одговорност од страна на директорката и од градонаалникот за оваа безмалку одлука надвор од сите законски прописи. Значи  уште еден додатен издаток за сите жители на Охрид. Сообраќајниот хаос не се решава така. Дополнително што претходно заборавив да напоменам наплаќањето во стариот дел на градот кое што ние како град треба да се стремиме тоа да биде зона без возила а не зона каде што ќе се наплаќа“, вели Кирил Пецаков координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Според советничката група на СДСМ нема ништо скандалозно, бидејќи одлуката за наплата на паркинг на улиците  била донесена од претходната власт  уште во 2013 година, но од непознати причини не се спроведувала.

-„Со овие одлуки ние имаме интенција да воведеме ред во паркирањето а не да остваруваме финансиска добит за ЈП „Билјанини извори“. Сe имплементира нов СМС систем на наплата за која што имплементација општина Охрид не влегува во никакви трошоци туку тендерот беше така конципиран да фирмата која е изработувач на софтверот го отстапува софтверот за одреден процент од наплатата тоа  е 14% убедливо најнизок во цела држава“, изјави Константин Георгиевски координатор на советничката група на СДСМ.

Според првиот човек на градот, нема поскапување, туку поевтинување на паркинг услугите во зоните, а   основната  цел е да се модернизира начинот на наплата на паркинг но и да се  дестимулира  употребата на  возила од страна на охриѓани. Градоначалникот смирува  до септември  нема да има наплата на паркинг на булеварот “Туристичка“ и улицата “Јане Сандански“.

-  „Нема дополнителен издаток за граѓаните на општина Охрид. Затоа што и досега граѓаните можеа да извадат претплатни карти месечни или годишни истото ќе може и сега само се променуа системот на наплата. Наместо наплата во готово кон наплатувачите се воведува смс  паркирање или купување тикет. Во ниеден момент како и досега то биле третирани граѓаните на тие улици каде има паркинг простор и понатаму ќе бидат на ист начин третирани , вели Јован Стојаноски градоначалник на општина Охрид.

Охриѓани  револтирани. Властите во неможност да изнајдат соодветни решенија преку  изградба на катни гаражи обезбедуваат паркинг места на грбот на граѓаните. Стојаноски пак  возврати   јавниот простор неможе да биде отстапен за индивидуалните потреби на граѓаните.

После долга расправа и пауза сите предлог одлуки беа усвоени од страна на мнозинството. 

Новинар Соња Рилковска

ТВМ телевизија 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK