Вто08142018

Последна промена05:04:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Повредениот параглајдерист од Украина згрижен во болница

Повредениот параглајдерист од Украина згрижен во болница

Сподели

 

Параглајдеристот, кој вчера падна на Гличица со тешки повреди спасен и  безбедно згрижен во болница. 

 

Како течеше целата драматична акција на спасување појаснуваат од Црвениот крст Охрид: 

-„Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, доби повик за спасување на парагладерист настрадан во несреќа на Галичица. Несреќата се случила кога поради непознати причини параглјадерот се затворил, на висина од околу 30м над земјата, по што пилотот немал време да реагира или да отвори резервен падобран. Од падот, параглајдеристот (инаку странски државјанин) се здобил со сериозни повреди на двете нозе во пределот на скочниот зглоб, како и повреда на рбетниот столб, поради што беше неопходна имобилизација на целото тело, за безбедна евакуација и транспорт на повредениот до екипата на итната медицинска помош од Охрид. Поради технички тешко пристапниот терен, со употреба на специјализирана опрема, беше потребно околу час и половина, за извлекување на повредениот од местото на несреќата и транспорт до амбулантно возило, со кое подоцна истиот беше пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид. Во акцијата учествуваа 4 припадници на единицата за спасување на планина и непристапни терени, еден вработен во ЈУ НП Галичица, а помогнаа и неколку параглајдеристи, пријатели на настраданиот. Ова е трета интервенција на единицата за спасување во неполни 2 месеци, со што веќе е достигнат и годишниот просек од минатите 3-4 години“,информираат од Црвен крст Охрид. 

Благодарение на новата опрема и возилата кои се обезбедени во рамки на проектот "Регионот Охридско езеро - Безбедна дестинација за авантуристички туризам", финансиран од Европската унија, преку ИПА - програмата за прекугранична соработка, оваа акција беше изведена максимално ефикасно и безбедно за повредениот, но и за припадниците на единицата.
Од името на единицата за спасување на планина и непристапни терени, изразуваме голема благодарност до сите, кои помогна во оваа акција пишуваат спасителите. 

Со соопштение за немилиот настан излезе и СВР Охрид: 

-„На ден 08.08.2018 година во 14,50 часот во СВР Охрид, од вработени во Националниот парк „Галичица“, пријавено е дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер. Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид,, веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош. На местото бикано „Баба“,во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев-Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини,изгубил висина и паднал.  Тој, е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител,  Зоран увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид“, информира портпаролот на СВР Охрид. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK