Вто08142018

Последна промена05:04:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Со нож и дрво се тепале во охридска пекара

Со нож и дрво се тепале во охридска пекара

Сподели

 

Прилепчанец и радовишанец расчистувале сметки во пекара во Охрид. 

Едниот се заканувал со дрво другиот со нож. Распарвијата завршила со повреди во болница. 

 -„На ден 08.08.2018 година во 15 часот и 45 минути, во пекара во Охрид лоцирана на улицата „Гоце Делчев“, нарушен е јавниот ред и мир и вербална расправија помеѓу О.М.(27) од Прилеп и Д.Д.(39) од Радовиш.Караницата прераснала во физичка пресметка при што О.М. се заканил со дрво а Д.Д. со кујнски нож. Сакајќи да го одземе ножот, О.М. со десната рака го фатил сечивото од ножот при што се здобил со расекотина на дланката“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Повредениот, со возило од Брза помош Оливер е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди- пресечени тетиви и крвни садови и е задржан на понатамошно лекување. На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK