Вто08142018

Последна промена05:04:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Охрид Сообраќајки со тешко повредени лица

Сообраќајки со тешко повредени лица

Сподели

Во две одвоени сообраќајки, тешко се повредени моторциклист и возач на автомобил.

Вчера, во 14,45 часот, на кружната крстосница кај улиците ,,Железничка“ и ,, 15-ти Корпус“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Пежо 206“ со битолски регистарски ознаки и мопед марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки на кој се превезувале две лица.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.Н.(33) од Велгошти а со телесни повреди се здобил М.Б.(24) од Охрид. Тие, со возило на брза помош се пренесени во болница „Св.Еразмо“ и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
-Незгодата се случила при движење на мопедот по улицата „15ти Корпус“ од правец на селото Лескоец кон Охрид а автомобилот „Пежо“ се движел по улицата „Железничка“ према улицата „15 Корпус“. На критичното место, се случил судар на десната страна од мопедот и предната страна од автомобилот „Пежо“. На местото на сообаќајната незгода, по овластување на Јавен обвините, увид извршија полициски екипи од СВР Охрид, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Димоски информира дека вчера околу 08.20 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево, на крстосницата за с.Ново Село-с.Црвена Вода, патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (37) од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет , три и една година, сите од Шведска, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во патничко возило „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (34) од с.Ново Село, општина Дебарца. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“-Б.П. и сопатничката во возилото „Фолксваген“ - А.С.З., додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете. Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK